Германските власти денеска ја забранија организацијата „Кралство Германија“, која дејствувала како дел од таканаречените „Граѓани на Рајхот“, а четири лица беа приведени како дел од рација спроведена низ целата земја.
„Уапсените се осомничени дека дејствувале како водачи во рамките на криминална организација“, се вели во соопштението на канцеларијата на главниот државен обвинител во Карлсруе, а четворицата осомничени се обвинети и за нелегално издавање документи.
Уапсените припаѓаат на организацијата „Кралство Германија“, која е основана во 2012 година и делува во рамките на поширокото движење на т.н. „Граѓанин на Рајхот“ (Reichsbürger).
Станува збор за луѓе кои не ја признаваат СР Германија и се стремат да основаат свои држави на територијата на денешна Германија. „Кралство Германија“, со околу 6.000 следбеници, е една од поголемите организации што работат во рамките на движењето.
Меѓу уапсените е и самопрогласениот „крал на Германија“ Петер Фицек.
Новиот германски министер за внатрешни работи, Александар Добриндт, ја поздрави постапката на државното обвинителство, посочувајќи дека станува збор за луѓе кои го поткопуваат германскиот уставен поредок.
„Членовите на оваа организација создадоа „контрадржава“ во нашата земја и изградија економско-криминална мрежа“, рече Добриндт (Христијанско-социјална унија CSU) по апсењето.
Тој рече дека осомничените истрајно „го поткопувале“ правниот систем и јурисдикцијата на Сојузна Република Германија.
Финансирањето на организацијата „Кралство Германија“, кое се вршело преку донации, како и правно неважечки полиси за осигурување платени од членовите на организацијата на врвот на непостоечка држава, е исто така оспорено од страна на државното обвинителство.
Седиштето на „кралството“ е во источногерманската федерална покраина Саксонија-Анхалт, од каде што дејствувал и самопрогласениот крал Фицек. Други осомничени беа уапсени во сојузните покраини Рајнска област-Пфалц и Бранденбург.
Во последниве години, германските власти преземаат засилени мерки против таканаречените „Граѓани на Рајхот“ и во моментов се водат неколку судења против водачи на други групи во рамките на движењето.
„Министерот за внатрешни работи на сојузната покраина Баден-Виртемберг, Томас Штробл, рече дека најновата акција е доказ за функционирањето на владеењето на правото.
„Државата дејствува решително против „Граѓанинот Рех“ кој создаде бизарен паралелен свет на сметка на остатокот од општеството“, рече Штробл.
Таканаречената организација Граѓани на Рајхот не ја признава СР Германија во денешната форма и општествено уредување и се повикува на границите на Германија кои досегаат далеку пред Втората светска војна во 1871 година. Групата верува дека Германската империја продолжува да постои, со земјата и териториите што ги држеше пред Втората светска војна.
Тие сметаат и дека Германија не е држава, туку всушност концерн во сопственост на САД. Идниот поглавар Принцот Ројс, според нив, би требало со западните сојузнички сили да преговара за нов поредок во Германија.
Тие одбиваат да плаќаат даноци и прогласуваат мали „национални територии” на своите имоти кои ги нарекуваат „Втора Германска Империја“, „Слободна пруска држава“ и „Војводство Германија“. Досега главно доаѓаа во судир со властите поради непризнавање на документите на СР Германија, како и негирање на институциите, како што е на пример даночната управа.