Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го забрани увозот и транзитот на живи домашни и диви мали преживари од Косово во нашата земја. Во забраната се опфатени и семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари.

Во Косово е регистриран прв случај, а АХВ претходно донесе забрана за увоз од Албанија каде досега се потврдени неколку жаришта на чумата. АХВ состојбата со болеста ја следи на дневна основа, а превентивни мерки се преземаат уште од минатата година.

– Од неодамна се воведени мерки на засилен надзор на болеста долж пограничниот појас на граница со Албанија, а исти вакви мерки за пограничните региони, ќе се воведат и кон Косово. Особено засилена е контролата на евентуално илегално движење на животни и забрана за движење на животни меѓу населените места лоцирани во пограничните појаси, за што, за потврдтата на првото жариште во сосседно Косово известени ќе бидат и МВР, Царинската управа и другите надлежни државни органи – потенцираат од АХВ.

Заради намалување на ризикот од појава и проширување на болеста, АХВ ги извести ветеринарните друштва и официјалните ветеринари за спроведување на засилен надзор на  одгледувалиштата со овци и кози и пријавување на секој сомнителен  случај на болеста, а со одгледувачите на ситен добик во тек се информативни трибини за запознавање со симптомите на болеста и нивно полесно препознавање.

АХВ е во постојана комуникација и соработка и со Факултетот за ветеринарсна медицина од Скопје, Ветеринарната комора, ветеринарните друштва, одгледувачите на животни и официјалните ветеринари, на соостаноците укажувајќи за обврските во однос на спроведување на активности за рано откривање на болеста чума кај мали преживари.

– Упатен е апел одгледувачите веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на симптоми на болеста, дури и кај едно животно. Сточарите, секоја промена во однесувањето на животните (зголемена температура, намален апетит, промени на очи, нос, уста и сл.) веднаш да ги пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари. Исклучително внимателни да бидат и да не се обидуваат да ги лекуваат животните сами. Доколку има угинувања на животни на фармите истите да не се прикриваат, туку задолжително да се пријават. Од фармите каде некое од животните ќе покаже симптоми на болеста, не смее да се изнесуваат животните, производи од животинско потекло, опрема, измет и ѓубре – потенцираат од АХВ.

ИЗДВОЕНИ