Забраната за движење во шуми продолжена до 30 септември

14

Забраната за движење во шумите продолжува до 30 септември, соопшти попладнево Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство. За непочитување предвидена е глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Од Министерството ги повикуваат граѓаните на особена претпазливост со цел спречување на појавата на пожари на отворен простор. Посочуваат дека и во периодот што следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор и дека граѓаните треба да бидат особено внимателни бидејќи, поради високите температури, ризикот од појава на пожари на отворен простор сè уште е голем.

– Од суштинско значење е јавноста да ги разбере опасностите, како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесе кон заштита и зачувување на шумите, односно животната средина, имотите и заедниците во целина, велат од ресорното Министерство.

Според утринските информации на Центарот за управување со кризи, регистрирани биле вкупно 18 пожари на отворен простор од кои 13 се изгаснати. Остануваат активни два пожари, а три се ставени под контрола.

ИЗДВОЕНИ