Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола забрани капење, пливање и задржување во сите хидротехнички објекти на хидросистемот „Стрежево“, вклучувајќи ја и рекреативната зона „Акумулација Стрежево“.

– Причината за оваа забрана е сериозната опасност за животот, предизвикана од можноста за нагло полнење и празнење на системот, како и од опасноста од вшмукување во цевководот – соопштуваат од претпријатието.

Од ЈП „Стрежево“ нагласуваат дека не сносат одговорност за евентуалните несреќи, повреди или смртни последици што би произлегле од непочитувањето на оваа забрана.

Се повикуваат граѓаните на максимална претпазливост и на почитување на предупредувањата и на знаците поставени во близина на акумулацијата, со цел заштита на сопствениот живот и безбедноста на сите посетители.

ИЗДВОЕНИ