
Одамна е познато дека Барселона, или поточно првиот човек на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта, ќе бара нов напаѓач следното лето. Во последно време се зборува многу дека Лапорта ќе се обиде да ги доведе Хари Кејн од Баерн (М) или Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.
Сепак, шпанските медиуми тврдат дека Лапорта ја донел својата одлука по натпреварот Атлетико (М) – Реал (М) за тоа кој ќе биде новата „деветка“ на Барселона од следното лето.
Станува збор за Хулијан Алварез, играч кој се етаблираше како еден од најдобрите напаѓачи во светот откако го напушти Манчестер Сити.
Аргентинецот блесна во дербито против Реал (М), а претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, го сака во својот тим.
Лапорта се обиде да го доведе од Манчестер Сити, брзоногиот напаѓач реши да ја продолжи кариерата на „Ванда Метрополитана“.
Причината тогаш беше Роберт Левандовски кој беше во одлична форма и Лапорта не можеше да има двајца такви напаѓачи без еден да седи на клупата и да не игра.
Ситуацијата сега е сосема поинаква бидејќи договорот на Левандовски со Барселона истекува на крајот од сезоната, а Лапорта нема намера да го задржи Полјакот во клубот.
Така, Хулијан Алварез стана цел број еден на Жоан Лапорта за следниот преоден рок. Заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона ќе ја ослободи неговата бруто годишна плата од 26 милиони евра, а тоа е голем „плус фактор“ за доведувањето на Алварез.
Она што е исто така во прилог на Барселона е фактот дека Алварез е навивач на Барселона, а за сè е „виновен“ Лео Меси, кој е негов пример од детството.
Секако, преговорите со Атлетико (М) нема да бидат лесни, со оглед на тоа што играчот има договор со овој клуб до 2030 година, и дека челниците на овој клуб сакаат добра заработка.
Неговата откупна клаузула е поставена на 500 милиони евра, но јасно е дека тоа се пари што Барселона не може да ги плати.
Атлетико (М) нема никакви финансиски проблеми, па затоа немаат голема потреба да го продадат за ниска понуда, а наводно ќе се согласат на 200 милиони евра.











