петок, февруари 13, 2026
Дома СКОПСКА Заборавените предмети добиваат нов живот  

Заборавените предмети добиваат нов живот  

39

Под мотото „На ти го, дај ми го“, утре, во Бистро Комедија, со почеток во 12:15 часот, „Екосвест“ ќе ја одржи втората екотрампа.

Од „Екосвест“ велат дека во свет во кој доминира брзата потрошувачка, овој настан им нуди на граѓаните алтернативен и свесен начин на размислување.

– Наместо купување нови производи, екотрампата поттикнува кружна економија и заедница базирана на споделување и грижа за околината    – нагласуваат од „Екосвест“.

Учесниците на настанот ќе имаат можност: да го победат консумеризмот – наместо трошење пари, се користи размена, да го растоварат домот  и да се ослободат од предмети кои долго не ги користеле, да израдуваат некој друг, да се поврзат и да запознаат истомисленици кои се грижат за одржлива иднина.

– Секој учесник може да донесе до пет предмети (облека, книги, модни додатоци, ситни апарати и слично).  За секој донесен предмет се добива купон за размена, со кој учесникот избира „нов“ предмет од понудата донесена од другите учесници. Како дополнителен мотив за дружење, секој учесник ќе добие бесплатно кафе, овозможувајќи простор за пријатен разговор и размена на идеи во опуштена атмосфера  – соопштија од „Екосвест“.

– Покажавме дека убавата енергија и дружбата можат да се остварат преку добри одржливи екопрактики избегнувајќи го консумеризмот и отворајќи се за наша поубава иднина. Првата екотрампа ми ги надмина очекувањата, се надевам така ќе биде и со оваа – изјави Милијана Богданоска, правник за животна средина во „Екосвест“.

ИЗДВОЕНИ