Забележан е дрон на аеродромот во Гетеборг – сообраќајот е привремено прекинат

15

Според Бјерн Ставас од Швеската управа за цивилна авијација, сообраќајот е моментално „паузиран“.

Присуството на дрон околу 18 часот, а поради инцидентот, два лета, еден од Минхен и еден од Франкфурт, се пренасочени на аеродромот во Копенхаген.

Исто така, летот од аеродромот„Ландветер“ за Минхен е откажан, пренесува шведскиот весник „Афтонбладет“.

Ставас додаде дека сите авио-превозници се известени за ситуацијата и дека сообраќајот ќе биде прекинат „додека да се реши ситуацијата“.

На аеродромот се присутни и бројни полициски патроли кои го истражуваат случајот. Јохан Хакансон, портпарол на полицијата од западниот регион, изјави дека е во тек истрага за да се проверат тврдењата за присуство на дронови и дека полицијата е на терен.

Еден од сведоците, кои забележал дрон на фотоградијата, изјави дека прво помислил дека тоа е некаков објект на небото, но дека набрзо сфатил дека станува збор за дрон поради неговите светла.

Компанијата „Сведавиа“ која управува со аеродромот „Ландветер“ потврди дека воздушниот простор над аеродромот е затворен поради сомнеж на присуство на дрон.

„Воздушниот простор над „Ландетер“ е во моментот затворен поради индикации за дронови. Безбедноста е на прво место, а воздушниот простор ќе остане затворен додека полицијата не ја заврши истрагата“, изјави директорката на аеродромот Сизан Норман.

 

ИЗДВОЕНИ