понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Забелешките на Венецијанската комисија влегуваат во законот за правична застапеност

Забелешките на Венецијанската комисија влегуваат во законот за правична застапеност

67

Министерот за јавна администрација Горан Минчев на денешниот брифинг со новинари кажа дека во претстојниот период, посебна работна група ќе ги вградува забелешките што ги дала Венецијанската комисија во однос на предложениот закон за соодветна и правична застапеност.

– Добиеното мислење е позитивно, но има и забелешки. Експертската работна група што работела на него, по Нова година повторно ќе се состане за да ги вгради забелешките што се дадени. Потоа, така надополнетата верзија ќе се најде на владина седница и откако ќе го помине тој филтер, ќе оди во натамошна процедура – најави министерот околу ова законско решение, кое предизвикува различни реакции во јавноста.

 

ИЗДВОЕНИ