Општина Бутел подготвува роденденска недела и голема забава по повод 20 години од нејзиното формирање.
Настаните, кои ќе се одржуваат на повеќе локации во Општината, ќе започнат в петок, а ќе завршат на 14 јуни.
– Во овој период ќе организираме голем број забавни и спортски манифестации за сите генерации, со акцент на нашите најмали жители, на нашата иднина – соопштија од Општина Бутел, од каде што наскоро ќе ги најават деталите за големата забава.