Општина Кратово и оваа година со радост ја организира Забавната детска олимпијада, настан посветен на најмладите жители на Општината, каде што спортот, дружбата и насмевките се во прв план.
Забавната детска олимпијада ќе започне на 18 август 2025 година, во 17:00 часот, на спортското игралиште „Мусала“, а ќе трае до 22 август 2025 година.
Децата ќе имаат можност да учествуваат во различни спортски и забавни активности: игри со топка, трки, игри за прецизност, фудбал, кошарка, одбојка и друго.
За сите учесници на Забавната детска олимпијада ќе има мали изненадувања.
– Настанот има цел да ги поттикне најмладите да се дружат, да се натпреваруваат во фер дух, да развиваат тимска работа и, најважно, да се забавуваат – соопштија од Општина Кратово.
Оттаму ги покануваат сите, родители, баби, дедовци и пријатели, да дојдат и да ги бодрат малите олимпијци.
– Заедно ќе создадеме прекрасни моменти и спомени што ќе траат цел живот – потенцираат од Општина Кратово.