На Школка во Градскиот парк, в петок ќе се одржи фестивалот на звукот, природата и на одговорноста „Sound of Green“.
Станува збор за целодневна пикник-забава и едукација што ги поврзува музиката, екологијата и заедништвото и што ќе се реализира со поддршка од Амбасадата на Швајцарија и на Амбасадата на Франција.
Со своја музика ќе претстават бендови од повеќе држави, како што се: „Del Arno Band“ (Србија), HAŃBA!, „Klawo@klawo_the_band“, TRUE POLISH TECHNO, VOLOSI (Полска) и „Lakna“ (Швајцарија), како и диџеј.
Предвидени се и активности за сите – мали и големи.
– Забава, музика и инспирација под отворено небо. Понеси пластично шише или лименка – биди пример за другите и покажи дека селекцијата е дел од секој фестивал – порачуваат од „Пакомак“, кои се организатори на фестивалот.
Фестивалот се реализира во партнерство со Институтот „Адам Мицкевич“ од Варшава, со поддршка од Министерството за култура и национално наследство на Полска, како дел од интернационалната културна програма на полското Претседателство во Советот на Европската Унија 2025.