За врвните пица-мајстори од Македонија – шест исклучителни пехари нa Интернационален „Пица-шампионат 2025“, во Бугарија

38

Во Софија, Бугарија, неодамна се одржа осмиот по ред  интернационален „Пица-шампионат“ со учество на преку 80 пица-мајстори од голем број држави, меѓу кои и Романија, Србија, домаќинот Бугарија, Италија како земја во која е „родена“ пицата, а, секако, и нашата Македонија.Македонскиот тим постигна исклучителен успех. Освоивме шест исклучителни пехари во повеќе категории. Нашата земја тоа го постигна со врвните мајстори, какви што се Дејанчо Трајанов-Чеде од Охрид и Петар Цветанов од Кочани. Дејанчо Трајанов-Чеде е искусен пица-мајстор и воедно ученик на познатата академија за пица   Академија Пицаиоли (Accademia Pizzaioli Macedonia), кој со години учествува и освојува награди на меѓународни и светски шампионати од овој тип.  Петар Цветанов е млад талент, исто така од Академијата за пица, кој веќе на својот втор настап на меѓународната сцена успеа да освои три значајни награди и да се наметне како ново име во светот на пицата.

– Успесите на Дејанчо ТрајановЧеде (Pizzeria Via Sacra) и второ место за Pizza Romana, третото за Pizza Napoletana, како и Mystery Box награда во пар (во дует) за Pizza in Due (заедно со Петар Цветанов), како и поединечните успеси на самиот Цветанов, итн….се уште една силна потврда за квалитетот и за стручноста на Accademia Pizzaioli Macedonia, каде што се создаваат искусни кадри професионалци, но и нови таленти од нашата држава. Сите тие постојано уверено и убедливо чекорат кон самиот врв на светската пица-сцена, а на која владее сериозна конкуренција.   (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ