За време на владеењето на семејството Асад во Сирија исчезнале најмалку 300.000 луѓе

49

Националната комисија за исчезнати лица во Сирија проценува дека меѓу 120.000 и 300.000 луѓе исчезнале за време на повеќе од пет децении авторитарно владеење на семејството Асад, но се стравува дека бројката би можела да биде и многу поголема.

Досега се документирани 63 масовни гробници, а Комисијата добила информации и за други локации кои сè уште не се потврдени. Само од почетокот на продемократските протести во 2011 година кои ескалираа во граѓанска војна исчезнаа десетици илјади луѓе. Сириската мрежа за човекови права претходно објави дека околу 157.000 луѓе исчезнале од март 2011 година.

ОН проценува дека во конфликтот се раселени околу 14 милиони луѓе, а загинале преку 300.000 цивили.

Комисијата, формирана во мај годинава, има мандат да го опфати периодот од 1970 година до денес. Хафез ал-Асад беше претседател на Сирија од 1971 до неговата смрт во 2000 година. Потоа власта ја презеде неговиот син Башар ал-Асад, кој во декември лани беше симнат од власт од страна на исламистички предводена бунтовничка коалиција.

ИЗДВОЕНИ