За време на говорот на американскиот сенатор му беше соопштено дека Америка го нападнала Иран: Ова е неговата реакција/ВИДЕО

332

Американскиот сенатор Берни Сандерс, кој е на национална турнеја, силно го критикуваше воениот напад врз Иран, нарекувајќи го целосно неуставен.

Сенаторот Берни Сандерс одржувал митинг во Тулса кога дознал дека САД по наредба на претседателот Доналд Трамп бомбардирале три ирански нуклеарни постројки.
Говорејќи пред толпата во Тулса во саботата, Сандерс рече дека нападот е целосно неуставен.

На почетокот на својот говор дозна дека САД го нападнале Иран, по што изјави дека тоа се незаконски и неуставни напади, бидејќи според американските закони само Конгресот има право да одобри влегување во војна.

„Имаме претседател кој речиси секој ден дејствува против вредностите на оваа земја и против интересите на работничките семејства“, рече тој.

Сепак, Белата куќа соопшти дека ова е ограничена воена акција насочена кон иранските нуклеарни капацитети, а не објава на војна.

Се чинеше дека публиката која присуствуваше на говорот на Сандерс го поддржуваше неговото несогласување, извикувајќи „нема повеќе војна“ по неговите зборови. Толпата мавташе со тупаници додека скандираше, а Сандерс стоеше на подиумот пред нив, пренесе Sky News.

„Америка се соочува со огромни проблеми дома. Треба да инвестираме во обнова на Америка, а не во војни против Иран“, рече Сандерс.

Трамп во саботата вечерта објави дека САД извршиле напади врз нуклеарни постројки во Фордоу, Натанц и Исфахан. Тој го опиша како спектакуларен воен успех.

ИЗДВОЕНИ