Грчките медиуми објавија вознемирувачко видео кое е снимено во градот Лаврион, на кое се гледа како жена за малку избегнала смрт поради уривање на балкон.
Сè се случило вчера, 7 октомври, а на видеото гледаме жена како стои на улицата, а потоа балконот на двокатната зграда се урива и паѓа на улицата.
Жената избегала со полесни повреди, а предизвикана е и голема материјална штета – оштетени се и четири паркирани автомобили.
Според извештаите на локалните медиуми, парче од парапетот (ѕидна ограда) наводно паднало на балконот и се откршило поради својата тежина, што резултирало со уривање на балконот на патот пред аптеката што се наоѓа на приземјето од зградата.
Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот, а вознемирувачката сцена била снимена од надзорна камера:




![[Интервју] Пројковски: Театарот треба да го каже она за што другите молчат](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/11/prr-450x300.jpg)







