
За време на четвртфиналниот натпревар од Ролан Гарос помеѓу Франсис Тијафо и Лоренцо Мусети се случи голем скандал. На почетокот од вториот сет, Италијанецот ја удри топката кон линискиот судија и го погоди во рамо, за што беше казнет само со опомена. Беше сцена, верувале или не, ако се земе предвид фактот дека грпскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше исфрлен од Отвореното првенство на САД во септември 2020 година поради многу послаб удар, во ситуација кога дури и не го гледаша линискиот судија.
Тој момент беше дискутиран на прес-конференцијата по натпреварот во кој Мусети се квалификуваше во полуфиналето каде што ќе ги одмери силите со Шпанецот Карлос Алакараз.
Името на Новак, на Американецот Тијафо му беше на врвот на јазикот, но тој се воздржа да каже сè што мислеше.
„Хм… Да, очигледно го направи тоа и ништо не се случи. Комично е. Така е, ништо не се случи. Нема за што да се зборува. Нема конзистентност, очигледно. Така е“, рече Тијафо.
Лоренцо Мусети беше свесен и мораше да биде, бидејќи директно ја удри топката кон линискиот судија. По натпреварот, тој се извини и од неговите зборови можеше да се види дека сè уште е исплашен поради ситуацијата во која требало да биде исфрлен од турнирот, доколку се применуваат иститие правила за сите.
„Искрено, тоа беше навистина несреќен сплет на околности. Секако, бев искрено исплашен, бидејќи навистина не сакав да му наштетам на никого, тоа се подразбира. Затоа веднаш отидов кај линискиот судија да се извинам и реков „Жал ми е“. Беше во ред што добив опомена, но мислам дека судијата виде дека немаше моја намера и затоа веројатно, знаете, ми дозволија да продолжам да играм“, рече Мусети по натпреварот.
Лоренцо Мусети победи по четири сета (6:2, 4:6, 7:5, 6:2), а со својата неодговорност ги натера организаторите на Ролан Гарос да голтнат кнедли. Ќе мора добро да се сокријат или целосно да го игнорираат скандалот што го направи, бидејќи многумина ќе постават логично прашање – дали исклучувањето од турнирот не стана стандард за вакви ситуации? Или оваа најстрога мерка важи за Новак Ѓоковиќ, но не за сите?