За Свети Никола или за католички Божиќ: Кога е најдобро да ја накитите новогодишната елка? 

81

Полека се приближува крајот на 2025 година, новогодишното китење за дочекот на новата 2026 веќе започна, а ова подразбира празнична еуфорија во полн сјај.

Одредени семејства веќе ги накитија своите елки, додека други чекаат да дојде крајот на годината за да го направат тоа.

Постои ли вистинско време за китење на елката? – ова е, веројатно, прашањето што се провлекува кај сите оние што со нетрпение сакаат да го украсат својот дом во новогодишен стил.

Во времето на викторијанската ера, елките секогаш се краселе напладне пред божиќната вечер на 24 декември. Сепак, оваа традиција избледела, затоа што луѓето сакаат многу порано да започнат со китењето и радоста што тоа ја носи со себе.

Една од традициите кај католиците е елката да се украси 12 дена пред Божиќ, односно на 13 декември. Но, за нетрпеливите и ова не е доволно брзо.

Некои се одлучуваат да китат на почетокот на Адвент – четвртата недела пред Божиќ. Тоа звучи одлично за оние што со нетрпение чекаат да украсат, а сепак, сакаат да следат одредена традиција или се сентиментално врзани за одреден датум.

И експертите за езотерија, исто така, тврдат дека датумот за украсување на елката е многу важен за да привлечете љубов и благосостојба во својот дом.

Според нив, овие датуми се сметаат за среќни.

18 декември – воочи Свети Никола

Се смета дека украсувањето на елката на овој датум привлекува просперитет и финансиска стабилност во куќата и во животот. Идеално е покрај елката да ставите некој ситен подарок за децата и да назначите дека се од свети Никола. Тоа ќе ѝ даде празничен карактер на целата атмосфера.

22 декември

Доколку сте изморени од животните проблеми и неволји, идеално би било елката да ја накитите баш на 22 декември. Оние што веруваат во езотерија, велат дека овој датум ќе им донесе заштита во текот на целата година.

24 декември

Поради тоа што оваа вечер е Бадник по грегоријанскиот календар, се смета и за време на чуда. Се верува дека оваа вечер треба да се накити елката и на тој начин ќе се привлече богатство.

25 декември – католички Божиќ

Четвртата опција е дека елката треба да ја накитите на денот на Христовото раѓање, така ќе привлечете здравје, среќа и љубов во својот дом.

28 декември

Се верува дека луѓето кои ќе ја накитат елката на овој датум ќе ја заштитат куќата од зло. Добро е овој ден да прочитате молитва за здравјето на целото семејство.

Каква симболика има новогодишната елка во христијанството?

Преданието вели дека пред местото на раѓањето на Исус Христос растеле бор, кедрово дрво и елка.

Во знак на радоста што се родил Божјиот син, кедарот и борот му ги подариле своите плодови, а елката, бидејќи немала со што да го дарува Исус, се расплакала.

Ова го видел добриот ангел кој се сожалил над елката и ѝ симнал ѕвезда од небото која ја ставил на нејзиниот врв. Елката се свиткала и нежно ја принела ѕвездата пред бебето Исус.

Верувањето вели дека секое новогодишно дрвце треба да има украс на врвот, кој симболизира подарок за Исус Христос.

Китењето и собирањето на елката е одредено со датум, иако луѓето речиси никогаш не ги почитуваат овие датуми. Гледано од страна на Новиот завет:

Елката не треба да се украсува сè до Бадник

Треба да се собере на Водици

Зошто овој обичај е строго почитуван од нашите христијански предци? Поради тоа што се смета дека раното китење елка, пред и по одредени датуми, носи несреќа. Во текот на годините, оваа традиција целосно се изменила.

Во Македонија, елката вообичаено се кити во средината на месецот декември, некои украсуваат на 15 декември, а некои, пак, на 19 декември, по празникот Свети Никола.

ИЗДВОЕНИ