Брижит Мари-Клод Троње, првата дама на Франција, ја интригира јавноста со децении, прво како сопруга на многу помладиот претседател Емануел Макрон, а потоа како жена во сенка со многу добро воспоставена финансиска позадина. Иако главните вести овие денови се поради инцидент за време на посетата на Виетнам, каде што наводно го удрила својот сопруг додека излегувала од авионот, вниманието повторно се насочува кон нејзиното богатство, кое е далеку од симболично.

Брижит потекнува од истакнато семејство Троње, чие име е неразделно поврзано со луксузниот бренд на чоколадо „Chocolaterie Trogneux“, основан уште во 1872 година во Амиен. Семејната империја сега ја води нејзиниот внук, Жан-Александар Троње, додека Брижит одлучила да го развие својот професионален пат надвор од семејниот бизнис.

Наместо менаџмент и бизнис со слатки, Брижит се одлучила за образование. Во текот на 80-тите, работела како наставничка по литература, а подоцна предавала француски и латински јазик во „Лице ла Провиденс“ во Амиен. Таму, како наставничка, го запознала Емануел Макрон, тогаш 15-годишен, кој бил ученик. Нивната врска, иако првично жестоко дискутирана, прераснала во брак во 2007 година. Брижит продолжила да предава во престижниот лике „Сен Луј де Гонзаг“ во Париз до 2015 година, кога се пензионирала од предавањето.

ИЗДВОЕНИ