Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека во западните земји има повици да се подготват за голема војна со Русија, опишувајќи ги таквите тврдења како „хистерија“ и „лага“.
Путин не именуваше конкретни земји или политичари, но рече дека западната јавност намерно создава слика за закана од голем конфликт со Русија.
Тој додаде дека Русија ќе биде подготвена за политичко решение, но предупреди дека отфрлањето на мировните преговори има последици.
Доколку Украина и Западот ги напуштат мировните преговори, Русија, според Путин, ќе се обиде да ги заземе териториите што ги смета за свои во Украина со воени средства.












