За прв пат во историјата Иран употреби двостепена балистичка ракета/ФОТО

346
Фото: X OSINTdefender

Иран за прв пат лансираше двостепена ултра тешка балистичка ракета со среден дострел „Саџил“ во борбени услови, а таа ракета беше лансирана во правец на Израел, соопшти иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (IRCG).

ИРГЦ, исто така, објави дека неколку претходни операции успешно го уништиле израелскиот систем за противвоздушна одбрана и дека оваа серија напади исто така ќе биде целна и континуирана, пренесува иранската агенција Тасним.

„Саџил“ е двостепена балистичка ракета со максимален дострел од 2.000 километри, а првпат беше тестирана во 2008 година, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ