За прв пат во историјата биткоинот над 120.000 долари, очекувањата се дека вредноста ќе расте

76

Вредноста на биткоинот денес достигна нов рекорден максимум од 122.000 долари, предизвикувајќи бран оптимизам на пазарот на криптовалути и поттикнувајќи го растот на етереум (ETH), Рипл (XRP) и Догекоин (DOGE).

Трговците сега шпекулираат дека цената на Биткоинот би можела да достигне 130.000 до 150.000 долари до крајот на годината, доколку макроекономските услови останат стабилни, објавува Coin Desk.

Вредноста на етериумот надмина 3.000 долари благодарение на приливите од ETF фондовите, додека риплскокна на 2,95 долари, што е зголемување од 30 проценти на неделно ниво, а догекоин за повеќе од 20 проценти.

ИЗДВОЕНИ