Струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов, е задоволен од работата на општинската администрација и затоа му предлага на синдикатот да ги разгледа опциите, покрај веќе предвиденото зголемување на платите за 8 %, да се направат измени во Колективниот договор и платата во септември да се зголеми за дополнителни 20 % за сите вработени во општинската администрација.
– Знам колку е тешко да се работи под притисок, со стотици обврски дневно и со желба да се излезе во пресрет на секој граѓанин. Токму затоа е и предлогот за повисоки плати. Само мотивирана администрација значи ефикасна локална власт – вели Костадинов.
Тој најави дека веќе се работи на посебен предлог да им се зголемат платите на струмичките пожарникари да.
– Тоа се нашите спасители, тоа се луѓето што ги ризикуваат животите за нашата безбедност. Купивме нови теренски возила, опрема, камиони, ги ослободивме од паркинг и од јавен превоз, но мораме уште. Во моментов ги разгледувам сите правни и буџетски можности платата на секој пожарникар да изнесува најмалку 80.000 денари, плус храна, прекувремена работа и сите права што ги следуваат – истакна Костадинов.