За повредените освен македонски доктори, се грижат и странски експерти-лекар од Словенија ќе ги третира пациентите со ампутации

Лекувањето и третманот за жртвите од пожарот во Кочани се на сметка на ФЗОМ

327

Директорот за Фондот за здравство кој е најревносен во споделување на информации со јавноста за лекувањето и третманот на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, соопшти дека една пациентка е во тешка состојба и за неа се прави проценка за пресадување на кожа. Кај неа антибиотски се лечи проблемот со добиената инфекција од повредите. Од вкупно 10 пациенти кои се болничко лекување, по половина се наоѓаат во странство и на скопските клиники.

Клековски ги замоли повредените пред да носат одлуки за ласерски третмани на кожата или естетски корекции да се консултираат со директорката на болницата во Кочани д-р Катерина Мирчовска.

„Ласерски третман не се препорачува кај изгореници помалку од 6 месеци, а естетски зафати се прават по една до две години“, кажа Клековски на прес конференција во Владата.

По обвинувањата во јавноста за тоа дека повредените не се ослободени од плаќање на партиципација, директорот на ФЗО вели дека на долг рок ќе се покријат третманите и лекувањата, а сите услуги ќе се даваат во болницата во Кочани. 10 лица  биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити), а интервенциите ги извел тим од Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Претходно 9 лица беа третирани од Клиниката за пластична хирургија Скопје. ПРП е иновативна метода што користи плазма од сопствената крв за да го забрза заздравувањето на оштетената кожа.  66 од повредени користат компресивна облека, а на 15 ќе им бидат земени мерки, соопшти Клековски и додаде дека  процесот би траел две години, со што специјалната облека би се менувала  неколку месеци.

„Сакам да укажам на тоа дека постојано се зборува дека не се прави ништо за повредените. Тоа создава несигурност и неизвесност кај повредените и нивните семејства и веќе има притисок да брзаат, бараат консултации надвор од востановените доктрини и протоколи за третман на изгореници. Ги замолувам повредените да се консултираат со директорката на Кочанската болница, д-р Катерина Мирчовски, со стручниот тим. Во однос на тоа дека е катастрофална состојбата на Болницата, морам да кажам дека се добива впечаток како да нема болница, како да таму нема институција. Таа болница има редовен буџет од 4 милиони евра, има 50 лекари и 100 медицински сестри. Не збориме за гранапче, туку за здравствена  установа со соодветен капацитет. Централната порака која сакам да ја пратам е дека нашата посветеност е иста како во првите часови од трагедијата и ќе остане колку што треба“, рече Клековски на прес-конференцијата според кој за болницата се бараат два физеотерапевти и хигиеничарки.

Во процесот на третман и лекување на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, се вклучени и странски експерти, па така лекар од Словенија ќе даде совети како да се третираат пациентите со ампутирани прсти. Бидејќи голем дел од повредените се млади кои се во образовен процес, се изнаоѓа решение со МОН за оние што се во трета или четврта година средно училиште. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ