среда, јануари 28, 2026
Дома БАЛКАН За неуставен е прогласен Законот што важеше 5 години: Се укинува неработната...

За неуставен е прогласен Законот што важеше 5 години: Се укинува неработната недела во Црна Гора

30

Уставниот суд на Црна Гора го прогласи за неуставен членот 35 (а) од Законот за внатрешна трговија, кој предвидуваше неработни недели во продавниците.

„Судот оцени дека горенаведената одредба ја нарушува слободата на претприемништво загарантирана со Уставот, како и уставниот принцип на еднаквост на сите пред законот, бидејќи на една група претприемачи/трговци им е овозможено да вршат дејност во недела и на државни и други празници, додека на другата група ѝ е забрането тоа. Уставот прецизно ги пропишува причините поради кои може да се ограничи слободата на претприемништво (за заштита на здравјето на луѓето, животната средина, природните ресурси, културното наследство или безбедноста и одбраната на Црна Гора) и законодавецот не може самостојно да пропишува нови ограничувања надвор од тие уставни основи, ниту без јасно утврдена легитимна цел во јавен интерес“, забележаа тие во образложението на одлуката.

Тие објаснуваат дека со тоа што дозволиле една група претприемачи (аптеки, слаткарници, пекари, киосци за печат, продавници за сувенири, цвеќарници, продавници за погребална опрема, заштита на растенијата, бензински пумпи, пазари итн.) да работат, а другата не, ја ставил едната група бизнисмени во нееднаква положба во споредба со другата.

„Ваквата забрана нема објективно и разумно оправдување, од гледна точка на уставната обврска на државата да им обезбеди на сите претприемачи еднаква позиција на пазарот. Покрај тоа, забраната за работа во недела и на државни и други празници само за одредени трговци резултираше со ограничување на човековите права и слободи и повреда на уставниот принцип на почитување на законските прописи. Ограничувањето на човековите права и слободи мора да биде во рамките на Уставот и мора да служи за легитимна цел во јавен интерес, како и мора да постои однос на пропорционалност помеѓу употребените средства и целта што треба да се утврди“, се наведува во одлуката.

ИЗДВОЕНИ