По големата кошаркарска треска што се случува изминативе неколку дена во Белград, откако Жељко Обрадовиќ поднесе оставка, но клубот не ја прифати, се актуализираше една приказна од 2012 година, кога славниот српски тренер беше дел од грчки Панатинаикос.

Обрадовиќ и претходно го напушти кормилото на своите клубови со голема помпа, а неговото заминување од Панатинаикос во 2012 година останува незаборавно.

Оваа одлука во тоа време го налути сопственикот на „зелените“, Димитрис Јанакопулос, кој истакна дека Жељко Обрадовиќ „е мртов човек“ за него.

  • Додека Обрадовиќ сè уште беше во Панатинаикос, имавме добри односи и споделувавме моменти што ги поврзуваат луѓето. Но, во 2012 година, кога ми рече дека нема да остане, умре за мене како човек. Значи, додека сум во Панатинаикос, тој секогаш ќе доаѓа во салата ОАКА само како гостин – порача Јанакопулос во тоа време.

Долго време Димитрис Јанакопулос не можеше да го преболи заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Панатинаикос, но на крајот беше постигнато помирување. Во текот на подготвителниот турнир во 2024 година, во Атина, каде што играа и Партизан и Панатинаикос, Јанакопулос зборуваше со пофални зборови за Обрадовиќ.

  • Дозволете ми да кажам „мојот постар брат“, бидејќи без разлика каде е и кој тим го води, тој е секогаш тука. Тој ја прифати поканата. Дозволете ми да ви раскажам една анегдота. Јас ја задржав канцеларијата на мојот татко во оригинална состојба. Ако ги избројам сите фотографии во неговата канцеларија, има повеќе фотографии со Жељко отколку со мене. За мене, тој е како постар брат или татко – порача Јанакопулос.

ИЗДВОЕНИ