Резиденцијата во сопственост на тренерот на Хапоел Тел Авив, Димитрис Итудис, беше погодена за време на ракетен напад. Ракетниот напад беше извршен од Иран врз Израел, двете земји кои моментно се во воена состојба.
Иран испали голем број ракети како одговор на израелскиот напад врз ирански воени цели. Иако израелски противракетен систем пресретна неколку ракети, некои го погодија Тел Авив. За среќа на тренерот, Итудис не беше во Израел, туку во неговата татковина Грција, па затоа немаше никаква опасност за него.
Зградата преживеала сериозни оштетувања, а неговиот стан, според информациите од Израел, преживеал без поголеми оштетувања.
Во текот на оваа сезона, Итудис го презеде тимот на Хапоел Тел Авив и успеа да го освои Еврокупот. Ова му обезбеди место во Евролигата следната сезона за овој израелски тим, и сигурно ќе биде исклучително силен фаворит за влез во плејофот или плеј-инот.
Инаку, Димитрис Итудис е добропознато лице во светот на кошарката, и како тренер водеше неколку врвни екипи, меѓу кои и ЦСКА од Москва со која ја освои титулата во Евролига.
Кога станува збор за нападите воопшто, можеме да истакнеме дека според податоците на израелската служба, над 100 лица се повредени, а неколку лица се во критична состојба.