Купувањето стан на кредит во Скопје е комплексен, но остварлив потфат доколку кредитобарателот има задоволителни месечни примања. Финансиската анализа за, на пример, стан од 100.000 евра, покажува дека според сегашните услови што ги нудат банките, минималното сопствено учество изнесува 10% од вредноста на станот и изнесува 10.000 евра, што значи дека е потребен кредит од 90.000 евра. За млади лица без заштеда, ова претставува значаен предизвик и поддршката од родителите е честопати неопходна и добредојдена.

Банките нудат различни модели на кредити. Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Новите мерки ги најави гувернерот Трајко Славески, според кого лицата кои првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на станот кое во моментов изнесува 10 проценти

 

Купувањето стан на кредит во Скопје е комплексен,но остварлив потфат доколку кредитобарателот има задоволителни месечни примања. Финансиската анализа за, на пример, стан од 100.000 евра, покажува дека според сегашните услови што ги нудат банките, минималното сопствено учество изнесува 10% од вредноста на станот и изнесува 10.000 евра, што значи дека е потребен кредит од 90.000 евра. За млади лица без заштеда, ова претставува значаен предизвик и поддршката од родителите е честопати неопходна и добредојдена.

Банките нудат различни модели на кредити. Некои банки им нудат на клиентите фиксна каматна стапка од 3,50% за првите 10 години за клиенти со плата во банката и животно осигурување. По истекот на фиксниот период, каматната стапка станува променлива, обично околу 6,25%. Така, за стан кој вреди 100.000 евра, учеството е 10.000 евра, што значи дека е потребно да се подигне кредит од 90.000 евра. Доколку рокот на отплата е 30 години, месечната рата во првите 10 години изнесува 404 евра, а по истекот на 10 години е 550 евра. Тоа значи дека вкупниот износ за отплата по 30 години изнесува 150.000 евра.

Покрај месечната рата, постојат значителни дополнителни трошоци, како што се данокот на промет на недвижности кој изненадува 2 до 4 проценти од пазарната вредност и за стан од 100.000 евра чини од 2.000 до 4.000 евра. Ова треба да е обврска на продавачот, но честа практика е да го плати купувачот. Тука се и нотарските и други административни трошоци, катастарски такси, процени за недвижноста, за што треба да се „искешираат“ уше две-три илјадарки.

Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Новите мерки ги најави гувернерот Трајко Славески и во интервју за „Радио Слободна Европа“ говори дека лицата кои за првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на станот.

– Целта е да се поддржат граѓаните кои купуваат свој дом, додека кај оние што купуваат стан како инвестиција, учеството ќе се зголеми заради намалување на притисокот врз цените и за зголемување на финансиската одговорност – појаснува гувернерот.

Тој нагласува дека банките веќе ги препознаваат граѓаните кои купуваат прв стан како помал ризик, бидејќи тие се поодговорни и кредитот го користат за сопствено живеалиште. Славески очекува банките да понудат подобри услови и пониски каматни стапки за оваа категорија.

– Народната банка ја следи состојбата на пазарот на недвижности и кредитирањето, со цел да обезбеди одржлив пораст и да ги заштити интересите на граѓаните и на банкарскиот сектор. Во однос на сегашните каматни стапки, тие се релативно ниски во споредба со другите пазари. Со стабилизирањето на инфлацијата под 3%, кредитирањето ќе стане уште поедноставно и поодржливо – истакнува Славески.

Цената на становите и натаму расте. Во вториот квартал од годинава порастот изнесува 22,3%. Оваа година просечната цена на становите во Скопје достигна 1.828 евра за квадратен метар. За споредба, минатата година во август просечната цена на становите изнесуваше 1.500 евра за квадратен метар, што значи дека за само 11 месеци има скок од цели 330 евра за квадратен метар.

Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво, за весникот ВЕЧЕР вели дека гувернерот Славески искажа загриженост за порастот на цените на становите и нагласи дека во Народната банка имаат сознанија дека согласно со анализите, половина од становите се купуваат во кеш, тогаш станува збор за криминал од епски размери токму во секторот што треба да ја гради државата, а не да ја урива.

– Има многу неодговорени прашања кои треба да ги знае јавноста – кој гради по овие цени и дали државниот апарат е конечно вклучен да стопира и да провери. За повеќе од една година во градењето станови немаме позитивна практика дека нештата се подобриле, туку напротив, се влошија – констатира Пешевски.

Со овие нереални цени на становите, Пешевски посочува дека на еден работник со плата пониска од просечната, ќе му биде тешко да се задолжи кај банките за да дојде до покрив над глава.

– Заборавивме на основните постулати на самопочит и тоа по која цена купуваме и се задолжуваме во наредни 20-30 години. А и ако работникот се реши да подигне кредит и успее да го исплати по 20 години, на банката сосе камата ќе треба да ѝ врати двојно повеќе – нагласи Пешевски.

Тој се сомнева дека има многу нефер трговски практики, не само во малопродажба и во трговија туку особено во градежништво.

– Мора да се „прочешлаат” сите инвеститори за да се види навистина колку чини градбата, со која маржа оди заработувачката, па да се открие како се направени сите овие згради, барем во последните 10 години. Доста имавме сомневања на картелско здружување во трговијата и градежништвото, време е инспекциите и државните органи како УЈП и Финансиска полиција да констатираат и соодветно да казнат за тоа за кое плаќале граѓаните. Сè додека државата дозволува инвеститорите и градежните компании да ги диктираат високите цени на становите наспроти механизми со кои ќе се заштитат купувачите, не може да очекуваме фер цена ниту за квадратен метар, ниту за работна рака, односно плата со сите давачки, а не плата во плик. Доколку сме само сведоци на тоа каков хаос ни се случува пред очите, а не преземеме конкретни чекори и мерки, ќе станеме соучесници во делото – вели Пешевски.

Тој очекува од идниот градоначалник на Скопје да покаже силна желба да им помогне на граѓаните од кои ќе добие мандат, да стопира и да направи ред во градежништвото.

 Пресметка за вредност на стан од 100.000 евра:

Сопствено учество: 10.000 евра

Износ на кредит: 90.000 евра

Рок на отплата: 30 години

Месечна рата (први 10 години): 404 евра

Месечна рата (по 10 години): 550 евра

Вкупен износ на отплата: 150.000 евра

Плус две-три илјада евра за дополнителни трошоци

(С. Бл.)

 

 

ИЗДВОЕНИ