За кратко ќе се знае цената на струјата, што ќе ја понуди на тендер ЕСМ, најави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Тој истакна дека оваа година тендерот за набавка на струја за домаќинствата ќе биде годишен, а не полугодишен како досега.
– Бидејќи оваа година тендерот ќе биде годишен, нема да биде полугодишен како и досега, цената што ЕСМ ќе ја понуди на тендерот, а ќе биде мој предлог на Влада, ќе се знае за многу кратко зашто е дел од затворена седница на Владата. Така што, бидете трпеливи ќе ја дознаете, изјави Мицкоски.
Инаку ЕСМ ја достави новата цена на струјата до Владата, која треба да одлучи дали предлогот на електрани е прифатлив или, пак, не е прифатлив. Електричната енергија за домаќинствата ЕСМ ја продава по 62 евра за мегават час.












