За интерпелацијата за работата на републичкиот јавен обвинител Коцевски ќе се расправа на 64. собраниска седница на 29 јули

58

За интерпелацијата за работата Љупчо Коцевски на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија поднесена на 26 јуни од пратеничката група на Левица ќе се расправа во рамки на 64. собраниска седница закажана на 29 јули. Како што стои на собраниската веб-страна, седницата треба да почне во 11 часот.

Пратеничката партија Левица во интерпелацијата доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши, посочува дека ја поднесуваат поради непочитување на уставните и законските обврски.

Интерпелацијата ја засноваме на следниве индиции, факти и правно-релативни наводи: селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје, непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје, се вели во интерпелацијата објавена на веб-страницата на Собранието.

Додаваат дека од почетокот на мандатот на јавниот обвинител Коцевски „во Јавното обвинителство владее нефункционална и токсична атмосфера, неажурност во постапките, а забележани се и надворешните политички влијанија врз неговата работа“, за што сметаат дека е одговорен Коцевски.

ИЗДВОЕНИ