За фрлање отпад од прозорец на автомобил во Италија казни и до 18.000 евра

38

Италија почна да ги казнува возачите кои фрлаат отпад од прозорците на автомобилите. Казните се парични и се движат до 18.000 евра, потоа одздемање на возачката дозвола или на возилото, а во посериозни случаи може да се изрече и затворска казна.

Висината на казната зависи од видот на фрлениот отпад: за цигара се казнува со сума до 1.188 евра, а за фрлање лименки, стаклени шишиња или кеси казната е до 18.000 евра. За фрлање отпад или опасни супстанции во природни резервати се предвидени затворски казни од шест месеци до седум години, а нелегалното фрлање отпад со службено возило може да резултира и со заплена на возилото.

Казнувањето се олеснува со видео надзорот, преку кој се обезбедува  фотографија од регистарската табличка. Мерката е наменета за заштита на животната средина и зголемување на сообраќајната безбедност, бидејќи фрлените предмети од возилата можат да предизвикаат несреќи.

 

ИЗДВОЕНИ