За помалку од една недела откако е објавен јавниот повик, аплицирале 1.360 пензионери за добивање на 2.500 денари како еднократна помош. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека пријавувањето е во тек, но и дека интересот на пензионерите е голем.

– Пензионерите најчесто ги користат утринските часови за да се пријават, а бројот на поднесени барања секојдневно расте. Ова е јасен показател дека ваквата мерка навистина им значи на нашите повозрасни граѓани – посочи Герасимовски.

Правото за да се добие ваква помош го имаат сите пензионери на Општина Центар кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија во месечен износ до 26.157 денари.

Потребните документи за да може да се аплицира и она кое треба да го достават пензионерите се копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, потврда за последната примена пензија (чек или потврда од банка за мај или јуни), а за социјална пензија е потребна потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа.

Барањата треба се поднесуваат во Општина Центар во барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, а формуларот за пријава може да се преземе од веб-страницата на Општината.

– Повикот е отворен до 18 јули или до исцрпување на предвидените средства додека, пак, исплатата на средствата ќе се реализира во текот на летото –  соопштија од Општината.

 

ИЗДВОЕНИ