За една година цените на угостителските услуги се зголемиле за 5 отсто

59

Цените на угостителските услуги во јули годинава се зголемиле за 0,5 отсто во однос на претходниот месец, додека во однос на тој месец од претходната година, сe зголемиле за 5 отсто.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на тој период минатата година, се зголемени за 5,3 отсто, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1,6 отсто.

Цените во угостителството, по групи, во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, се зголемени за 0,4 отсто кај храната, 1,6 отсто кај алкохолните пијалаци, 0,9 отсто кај безалкохолните пијалаци и 0,2 отсто кај ноќевањата.

Цените на услугите во угостителството бележеа раст и во претходните месеци, а тоа го покажаа анализите на Државниот завод за статистика. Во јуни пораснаа за 0,2 отсто, а во мај за 0,4 отсто.

 

ИЗДВОЕНИ