Цените на угостителските услуги во септември 2025 година не забележале промени во однос на претходниот месец, но во споредба со тој месец минатата година има значителен раст.

– Цените на угостителските услуги во септември 2025 година во однос на тој месец од претходната година се зголемени за 4,7% – објави Државниот завод за статистика.

Тие укажуваат дека цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на тој период од минатата година се зголемени за 5,2%, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1,9%.

Иако нивните податоци покажуваат дека цените во угостителството, по групи во септември 2025 година, во однос на август 2025 година биле зголемени кај групата безалкохолни пијалаци за 0,1%, а кај групите храна, алкохолни пијалаци и ноќевања не биле забележани промени, имало големи промени во однос на тој месец минатата година.

Па така, кај храната, порастот на цените бил 7,5%, кај групата алкохолни пијалаци поскапувањето на годишна основа било дури 9,1%. Кај безалкохолните пијалаци, цените во рестораните се зголемиле за 6,1%, додека кај ноќевањата имало намалување на цените во споредба со тој месец минатата година.

ИЗДВОЕНИ