За Духовден и Курбан  бајрам, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

61

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува своите патници дека по повод верските празници Духовден и Курбан бајрам, во текот на трите дена од продолжениот викенд (6.6. 2025 година-8.6.2025 година) ќе се работи по неделен возен ред.

В сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. В петок и в недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација во Транспортниот центар, со работно време од 8:00 до 14:00 часот.

Жичницата ќе функционира вообичаено во текот на викендот (сабота и недела), со работно време од 10:00 до 20:00 часот, при што од 19:00 до 19:30 е последното возење оддолу кон врвот, а во 19:45 часот е последното возење од врвот надолу.

Од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови за жичницата.

ИЗДВОЕНИ