Спротивно на сите очекувања, цените на недвижностите во нашата земја продолжуваат да растат, интересот за купување или поседување сопствен дом, односно сопствен стан, не стивнува. Едно истражување во Европа покажа дека за да се купи стан од 70 квадратни метри, потребни се 169 месечни плати, односно 14 години треба да се трга настрана една цела плата.
Данците го имаат најбрзиот пат да дојдат до сопственост на дом. Во Данска, за купување стан од 70 квадратни метри, потребни се 57 месечни нето-плати
Македонците, очигледно, се подготвени да ја платат секоја цена само да дојдат до свој дом. Иако, спротивно на сите очекувања, цените на недвижностите во нашата земја продолжуваат да растат, интересот за купување или поседување сопствен дом, односно сопствен стан, не стивнува. Едно истражување во Европа покажа дека за да се купи стан од 70 квадратни метри, потребни се 169 месечни плати, односно 14 години треба да се трга настрана една цела плата.
Прашањето за достапноста на домувањето стана сè порелевантна тема во контекст на економските и на демографските промени, кои негативно влијаат на способноста на луѓето да обезбедат домување. Од една страна, растечките цени на квадратниот метар и построгите услови за кредитирање го отежнуваат купувањето прв имот, покажува истражувањето.
Според истражувањето, Данците го имаат најбрзиот пат да дојдат до сопственост на дом. Во Данска, за купување стан од 70 квадратни метри, потребни се 57 месечни нето-плати.
Студијата опфаќа 25 европски земји и ја испитува можноста, односно утврдува колку години или месечни нето-плати би биле потребни да се купи стан од 70 квадратни метри во различни европски земји. Притоа, ги користи податоците од повеќе статистики, финансиски институции, фокусирајќи се на просечната нето-плата и на просечната цена на квадратен метар за нова станбена изградба на национално ниво.
Полошо од Македонија стои Португалија, каде што се потребни повеќе од 200 месечни нето-плати, што ја става земјата на самиот врв од листата. Ова се совпаѓа со фактот што во јуни оваа година, Европската комисија ја предупреди португалската Влада дека мерките што се спроведени досега не биле ефикасни во справувањето со кризата со домувањето.
Регионалните разлики се, исто така, забележливи. Освен во Португалија, домувањето е помалку достапно во балтичките земји, како и во земјите од Југоисточна и од Централна Европа: Чешка, Словачка и Унгарија, каде што купувањето стан бара помеѓу 120 и 200 месечни нето-плати.
Кога ќе се претворат истите податоци за месечните нето- плати во годишни плати, односно години, купувањето стан во Португалија би барало 17,2 години заштеда на целата плата, во Чешка 16,6 години, во Словачка 15,5 години, а во Македонија 14 години. Како што споменавме претходно, заштедата би траела најкратко во Данска, нешто помалку од пет години (4,8) кога се изразува во години.












