За да нема „дипломатско фијаско“ САД испратиле прашање до Украина: „Што ќе облече Зеленски?“

89
EPA/AARON SCHWARTZ / POOL

Белата куќа ги прашала украинските претставници дали претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, ќе носи костум за време на вчерашната средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба, објави Axios, повикувајќи се на два добро информирани извори.

Изворите велат дека Зеленски ќе се појавел во Белата куќа облечен во истата црна јакна што ја носеше на самитот на НАТО во Холандија во јуни.

„Ќе биде „во стил на одело“, но не и вистинско одело“, рекол еден од изворите.

Американскиот портал наведува дека облеката на Зеленски станала „проблем“ на неговата претходна средба со Трамп во март во Белата куќа, која експлодираше во дипломатско фијаско.

Според Axios, на Трамп не му се допаднала воената облека на Зеленски.

Еден од советниците на Трамп, делумно на шега, му рекол на Axios дека „би бил добар гест за мир“ ако Зеленски облече носи костум.

Друг извор изјави дека „би било одлично ако носеше вратоврска, но ние не го очекуваме тоа“.

Изворот додал дека потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, бил „повеќе изнервиран“ од Трамп од изгледот и ставот на Зеленски на последната средба.

Советниците на американскиот претседател, исто така, изјавија дека незадоволството на Трамп од Зеленски минатиот пат „не било само поради облеката“.

ИЗДВОЕНИ