За четири дена: Сообраќајните камери со вештачка интелигенција во Атина регистрираа повеќе од 2.000 прекршоци

77

Сообраќајните камери со вештачка интелигенција во пошироката област на Атина регистрираа повеќе од 2.000 сериозни сообраќајни прекршоци за само четири дена, покажаа резултатите од пилот-проектот на грчките власти, пренесе „Танјуг“.

Според тоа, од вторник до петок, една камера со вештачка интелигенција инсталирана на авенијата Сингро регистрираше повеќе од 1.000 прекршоци, вклучително и употреба на мобилни телефони и неносење безбедносни појаси, објави „Катимерини“.

Во истиот интервал, околу 800 случаи на пребрзо возење се регистрирани на дел од патот каде што ограничувањето на брзината е 90 километри на час.

Евидентирани се и 480 прекршоци на црвено светло.

Пилот-програмата, која започна минатата недела на осум локации со висок ризик по препорака на грчката полиција, е дел од поширока кампања за подобрување на безбедноста на патиштата.

„Ова е политичка одлука со јасна социјална цел. Станува збор за намалување на бројот на сообраќајни несреќи и спасување животи“, рече министерот за дигитално управување, Димитрис Папастергиу.

ИЗДВОЕНИ