За божиќните празници: Необична кражба – од статуата на Гете во Хамбург останаа само чевлите

46

Непознати крадци украле бронзена статуа на Јохан Волфганг Гете пред училиште во Хамбург, а од статуата останале само чевлите.

Според германскиот весник „Билд“, крадците влегле во училишниот двор и ја украле статуата што била поставена таму во 2019 година. Кражбата се случила ноќта меѓу Бадник и Божиќ. Се вели дека не е ова прва кражба на статуа во Хамбург.

Претходно била украдена бронзена статуа на голо девојче од 1949 година, пред гимназијата „Албрехт-Тер“.

Исто така, во февруари 2025 година, исчезнала бронзена скулптура од гробишта, но била пронајдена во мај, во Берлин, заедно со приближно 85 други бронзени уметнички дела и моментално им се суди на тројца мажи за тоа.

Последниот случај сè уште е под истрага на полицијата.

 

ИЗДВОЕНИ