Образовниот систем во Русија се подобрува од година во година, а неговиот квалитет е препознаен и од идните студенти од странство, кои посакале бесплатно да студираат на една од високообразовните институции или факултети во таа земја во рамките на програмата што ја обезбедува Руската Федерација.
Од вкупно 80.000 апликации, околу 30.000 студенти ќе можат да се запишат во програмата. Некои од нив, кои веќе добиле повратни информации од високообразовните институции за кои аплицирале, веќе пристигнале во Русија и се подготвуваат за почетокот на академската година.
Најголемиот број апликации за бесплатната студиска програма во Русија биле за образовни институции во Москва и Санкт Петербург, а најголемиот број идни студенти ќе пристигнат (или веќе пристигнале) од Кина, Индија, африкански земји, како и од земјите што некогаш го сочинуваа Советскиот Сојуз.
Покрај целосно бесплатното студирање, на студентите од странство ќе им биде обезбеден и бесплатен сместување, бесплатни подготвителни курсеви, а ќе добијат и стипендија за студирање на одбрани високообразовни институции и факултети, пишува Известија.
Во последните пет години, бројот на странски студенти во Русија се зголемил за речиси една четвртина: на студиските програми има и млади луѓе од Кина, Виетнам, Монголија, како и од африканските земји. Во моментов, околу 400.000 странци студираат на руските високообразовни институции, пренесува RT Balkan.