За Ахмед – херојот од Австралија, кој голорак го разоружа терористот, собрани над 1 милиони долари

209
Foto: Printscreen/ Facebook/ Chris Minn

Во хуманитарната акција за Ахмед ал Ахмед, херојот кој храбро се соочи со еден од напаѓачите на плажата Бонди и му ја зеде пушката, собра повеќе од 1,59 милиони австралиски долари. Сумата собрана преку кампањата GoFundMe, што е еквивалент на околу 1,05 милиони австралиски долари, сè уште расте.

Ахмед, сопственик на продавница за овошје, се нашол на местото на нападот случајно откако излегол на кафе со пријател. Неговиот татко, Мохамед Фатех ал Ахмед, вели дека го воделе „чувствителност, совест и човечност“.

Меѓу многуте донатори е и американски милијардер кој платил 99.999 австралиски долари, максималната сума што може да се донира преку веб-страницата.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, го посети Ахмед во болница и го пофали. Минс рече дека е „вистински херој“.

ИЗДВОЕНИ