ЈП за државни патишта за половина година инкасира 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) од наплата на патарина, што е за 78 милиони денари повеќе од истиот приод 2024 година.

Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски вели дека наплатата е 99,6 проценти, што значи дека се намалува процентот на таканаречени „неплаќачи“.

– ЈПДП  бележи континуиран раст на приходите од наплата на патарина. Од почетокот на 2025 година до денес вкупниот приход за првото полугодие е 1.900.255.930 денари. Што се однесува до начинот на плаќање во сериозен раст е употребата на електронска наплата на патарина, и ова укажува на тренд на зголемна дигитализација и побрз проток на сообраќај на патарините – изјави Трајановски за МИА.

Тој потенцира дека евидентираниот раст на електронската наплата се очекува да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг, преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава, за што Јавното претпријатие за држави патишта наскоро ќе објави повик за избор на оператор.

Трајановски вели дека искуствата во другите држави покажуваат дека електронските уреди за наплата на патарина станале подостапни до корисниците на автопатот, а бројот на корисниците се зголемил повеќекратно.

Директорот Трајановски нагласува дека наплатните станици се подготвени за зголемената динамика на сообраќај по автопатиштата и потенцијалните гужви. Се изработува документација за реконструкција на наплатната станица Миладиновци за поставување електронски систем за наплата.

ИЗДВОЕНИ