понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА За 5.000 денари се зголемува износот на посмртнина

За 5.000 денари се зголемува износот на посмртнина

41

Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) донесе одлука за зголемување на износот на посмртнината од 35.000 на 40.000 денари, соопштија од Фондот.

Оваа мерка е иницирана од Регистрираната организација за Солидарен фонд, а заради обезбедување на финансиската стабилност на Фондот, месечната задршка од пензиите ќе се зголеми од 140 на 150 денари.

Одлуката е донесена како одговор на значителниот раст на трошоците за погребни услуги, со цел да се обезбеди поголема финансиска поддршка за семејствата на починатите корисници на пензија.

ИЗДВОЕНИ