Од почетокот на мандатот на актуелниот парламентарен состав, односно за 13 месеци, 65 пратеници добиле надомест за патни трошоци во вкупна вредност од 18,6 милиони денари, односно околу 303.320 евра, според истражувањето на Радио слободна Евроап.
Највисоката исплатена сума на еден пратеник достигнува околу 13.200 евра, што е во просек по 1.000 евра месечно.
Според податоците што ги добиле од „Радио Слободна Европа“ преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, исплатените средства се однесуваат на периодот од 28 мај 2024 до 30 јуни 2025 година.
Од вкупниот износ, 26.717 евра се за патарини, а 276.603 евра за гориво.
Според истражувањето на РСЕ, најмногу пари за патни трошоци земаат пратениците кои живеат најдалеку од Скопје…На пратеникот од Ресен, Кире Божиновски му биле исплатени околу 13.200 евра ..пратеникот Петар Ристески од Прилеп е втор на листата со 12.000 евра..Координаторот на пратеничката група на ВЛЕН , Беким Ќоку, кој доаѓа од Струга, добил околу 10.800 евра ..Слична сума е исплатена и на пратеникот на СДСМ од струга, Јован Митрески.