Во понеделник во Лондон: Состанок за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија по Брегзит

1180

Британскиот премиер Кир Стармер ќе биде домаќин на лидерите на Европската Унија во Лондон во понеделник за да разговараат за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со блокот по Брегзит.

На состанокот би можело да се разговара за соработка во одбраната и безбедноста, а Велика Британија би можела да се обиде да преговара за пристап за британските компании до заеднички одбранбени проекти во рамките на Безбедносната акција за Европа (SAFE) – шемата за кредитирање на ЕУ од 150 милијарди евра, за која ќе мора да плати, објави Ројтерс.

Британската лабуристичка партија, исто така, се залага за договор со ЕУ за да се спречат непотребни гранични контроли на земјоделските производи, како што се месото и млечните производи.

На состанокот ќе се разговара и за мерки за полесно патување и работа на лицата под 30 години меѓу Велика Британија и ЕУ.

Велика Британија го напушти внатрешниот енергетски пазар на ЕУ по Брегзит, но британската енергетска индустрија се залага за поефикасни аранжмани за трговија со електрична енергија со Унијата.

Велика Британија увезе околу 14 проценти од своите потреби за електрична енергија во 2024 година, што е рекордно високо ниво, преку енергетски врски со Франција, Данска, Норвешка и Белгија, објави Танјуг.

ИЗДВОЕНИ