Црногорскиот ракометар Вуко Борозан, потпиша миниум до крај на сезоната со македонскиот суперлигаш ГРК Охрид. Вуко доаѓа од РК Вардар, а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Веспрем, Загреб, Ловќен, Металург… Веќе повеќе од деценија е еден од лидерите на црногорската репрезентација.

“Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на Клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид. Пред нас следуваат многу натпревари, а нашиот тим ќе атакува на сите три трофеи! Ги поздравувам охридските навивачи, групата “Рибари” да не бодрат во што поголем број за да стигнеме до целите на клубот.” – изјави Вуко Борозан.

Левиот бек во редовите на ГРК Охрид, доаѓа како слободен играч, откако спогодбено го раскина догвоорот со најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар.

Со овој трансфер суперлигашот Охрид уште еднаш потврди дека има високи амбиции во тековната, но и во сезоните кои следуваат. „Гладијаторите“ во Борозан гледаат директна замена за Младен Крсманчиќ и Теимурас Орјоникидѕе во бековската линија, кој пред неколку недели одлучија да си заминат од тимот на Охрид.

 

ИЗДВОЕНИ