понеделник, февруари 9, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ во Одеса разговараше со Зеленски за важноста од постигнување долгорочен мир

Вучиќ во Одеса разговараше со Зеленски за важноста од постигнување долгорочен мир

292

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес за време на самитот Украина-Југоисточна Европа во Одеса се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и нагласи дека разговарале за состојбата во регионот, безбедноста и економските предизвици.

„Иако кратка, секогаш добра средба со мојот пријател Киријакос Мицотакис, со кого разменив мислења за состојбата во регионот, безбедносните и економските предизвици, како и за главните прашања на нашите билатерални односи“, рече Вучиќ во објава на Инстаграм.

Како што додаде, во разговорот нагласил дека интензивните контакти и силната доверба меѓу Србија и Грција се еден од столбовите на стабилноста на Западен Балкан и дека заедничките проекти од заемен интерес дополнително ќе ги зајакнат пријателските односи и економската соработка меѓу двете земји.

Со Зеленски за важноста од постигнување долгорочен и одржлив мир
Претседателот Вучиќ денес во Одеса се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски и нагласи дека разговарале за важноста од постигнување долгорочен и одржлив мир, почитување на меѓународното право, како и улогата на дипломатијата во надминувањето на конфликтите.

Вучиќ објави на Инстаграм дека имал значаен и отворен разговор со Зеленски за клучните прашања на современите геополитички предизвици со кои се соочува Европа и целиот свет.

„Разговаравме и за економски теми, како и за заедничките цели за постигнување на најсилна можна заедничка соработка во различни општествени сфери како основа на целиот понатамошен напредок“, додаде Вучиќ.

ИЗДВОЕНИ