сабота, февруари 28, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ слета во Москва

Вучиќ слета во Москва

258

Српскиот претседател Александар Вучиќ слета во Москва, јави „Русија 24“.

Претходно беше објавено дека авионот слетал во Баку и не можел да го продолжи патувањето за Москва бидејќи немал дозвола да го продолжи летот поради борбените операции меѓу Русија и Украина. Сепак, тој набрзо го продолжи летот.

Вучиќ треба да присуствува на воената парада во Москва по повод Денот на победата.

Помошникот на рускиот претседател Путин, Јуриј Ушаков, вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе има билатерални разговори со српскиот претседател на 9 мај.

ИЗДВОЕНИ