Вучиќ полета за Москва – не се знае по кој водушен коридор!

59

Како што пренесува порталот „Спутник“, претседателот на Србија Александар Вучиќ моментално е на пат за Москва, каде што треба да присуствува на воената парада на 9-ти мај за да го прослави Денот на победата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во петок треба да има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, како што соопшти Кремљ.

Медиумите изминативе денови шпекулираа дека Летонија и Литванија му забраниле на српскиот претседател прелет за Москва, па не се знае со кој воздушен коридор Вучиќ отишол во руската престолнина.

На 9 мај Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.

Литванија, а по неа и Латвија забранија прелет на авионот на српскиот претседател Вучиќ кон Москва

ИЗДВОЕНИ