
Претседателот на Србија Александар Вучиќ ѝ порача денеска на мајката на настраданиот младич во новосадската трагедија Дијана Хрка, која веќе седум дена штрајкува со глад пред Народното собрание, дека е подготвен да разговара со неа и дека неговата совест е чиста.
„Јас сум претседател на сите граѓани и морам да ги поднесам и најтешките можни навреди и најлошите невистини, но секогаш морам да бидам подготвен да разговарам“, рече Вучиќ, додавајќи дека ја разбира тежината на нејзината болка.
Тој потврди дека го посетил семејството Фириќ во Нови Сад, мајката која ги загуби ќерките Сара и Валентина во падот на настрешницата на новосадската железничка станица.
Како што наведе, при таа посета „не понел ни камери, а не била снимена ни со телефон“, а информациите протекоа во јавноста преку ширење од „групите на блокадите“.











