Српскиот претседател Александар Вучиќ објави фотографија со министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ. Како што може да се види на фотографијата, Глишиќ лежи во болнички кревет и ја држи раката на српскиот претседател.
Вучиќ покрај фотографијата од болницата напиша:
„Дарко нескршлив!“
View this post on Instagram
На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ му се слоши во студиото на телевизиската станица Пинк. Тој беше гостин во утринска програма и кога требаше да одговори на едно од прашањата, одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниту еден цел збор. Водителите го прашаа неколку пати дали е добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината. Подоцна, министерот за здравство објави дека Глишиќ е итно опериран во Клиничкиот центар на Србија и дека доживеал мозочен удар.